Колаген (Collagen Peptides) со црно Гоџи Бери

Колаген (Collagen Peptides) со црно Гоџи Бери
МАСА: 220ГР.
Состав: КОЛАГЕН ПЕПТИДИ (ГОВЕДСКИ)+ДЕХИДРИРАНО ЦРНО ГОЏИ
НАЧИН НА УПОТРЕБА: 1 кафена лажица се раствара во вода, сок, кафе, смути… и се конзумира 1-2 пати на ден.
ЧУВАЊЕ: ЛАДНО, СУВО И ДА НЕ Е ИЗЛОЖЕНО НА СОНЧЕВА СВЕТЛИНА
Со текот на стареењето производството на колаген во телото значително се намалува, а тоа влијае на структурата на коските, тетивите, лигаментите, кожата, косата, ноктите. Додаток во форма на колаген е неопходно за здравје на коските и кожата.
Како колагенот придонесува за здрави зглобови?
Оптималната мобилност на зглобовите е резултат на здрави ткива на зглобот и негова еластичност. Колагенот е неопходен како основен компонент на овие ткива. Истражувањата сугерираат дека зголемениот внес на колаген преку суплементација придонесува за здрави зглобови, преку зголемување на клеточната поправка па дури и раст на ново ‘рскавично ткиво на зглобовите.
Колаген тип 1 и 3 со дехидрирано Црно Гоџи Бери содржи чист протеин, кој придонесува за раст и одржување на здрави ткива. Колагенот е структурен протеин кој е суштински одговорен за:
- јачината на коските и флексибилноста,
- тетивите, лигаментите,
- косата,
- кожата,
- ноктите и другите ткива низ целото тело.Воедно додатокот на црно гоџи бери има улога да го зајакнува железото во крвта, да ги чисти вените и артериите и подобрување на циркулацијата
Колаген тип 1 и 3 во прашкаста состојба е ензимски хидролизиран во пептиди, со мала молекуларна големина за оптимална апсорпција и искористување од страна на организмот.